Ракометниот клуб Младост од Богданци ги започна подготовките – целта е влез во Суперлигата

Ракометниот прволигаш Младост од Богданци ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во Првата лига. Ракометарите на тимот од Богданци на 13. јануари означија старт на зимските подготовките, а клубот тренира со полн интензитет со по два тренинга на ден во салата и во теретана.

Тимот есенскиот дел ги заврши на второто место во групата Б од Првата лига, со 17 бодови на своето конто, бод помалку од Скопје кој е есенски шампион во оваа група.

Од следната недела Младост ќе започне и со одигрување и на пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за пролетниот дел.

Тимот сака враќање во Суперлигата, но целта ќе биде тешка, а плеј-офот ќе биде неизвесен. Првопласираниот тим во плеј-офот од Првата лига обезбедува директен влез во Суперлигата, додека пак второпласираниот тим ќе игра бараж со екипата која ќе биде претпоследна во плеј-аут од Суперлигата.

Александар Ванев, М-Нет