
Женскиот ракометен клуб Делчево за пролетниот дел претстави две засилувања. Станува збор за Симона Динева и Верица Шуклева, двете млади ракометарки во пакет доаѓаат од тимот на Гевгелија.
Динева ќе ја засили конкуренцијата на бековската позиција, додека пак Шуклева игра како лево крило со што тимот во пролетниот дел се очекува да има и подобри резултати.
Ракометарките на Делчево во есенскиот дел триумфираа над Куманово со резултат од 8:29, против Овче Поле триумфираше на домашен терен резултат од 39:30.
Делчево се натпреварува во кадетската женска лига во групата А, каде есенски шампион е Вардар со максимален број на победи, втор е Металург, а тука се и екипите на Овче Поле и Куманово, додека пак Гевгелија е дисквалификувана од натпреварување.
Александар Ванев, М-Нет