Намалени цените на приперот и доматите на пазарот во Штип, граѓаните купуваа во поголеми количини

Намалени цените на приперот и доматите на пазарот во Штип, граѓаните купуваа во поголеми количини. Велат дека истите за сега се реални, за разлика од претходните неколку петоци. Загрижени остануваат за цените на овошјето, но пак фактот дека многу овошки во пролетта имаа штети, ги остави со разбирање.

Продавачите пак со спротивно мислење, велат дека, иако има намалување, сепак и овој петок е слаба побарувачката.

Инаку, овој петок започна да се продава и лубеницата, која што се продаваше по 40 денари за килограм. Се продаваше и цреши кои и овој петок имаа голема цена.

Иван Митев, М-Нет