Се уште висока цената на црешата, по 300 денари за килограм се продава во Штип

Се уште нема пад на цената на црешата, во Штип се продава по 300 денари за килограм. Слабото производство и големата штета причини, за да цената е висока велат продавачите и остануваат децидни дека истата ќе се задржи до крајот на нивната сезона. Не е лесно да се купи, уште повеќе не и да се произведе. Земјоделците дури ја донесоа на тезгите се снаоѓаа како знае, на ниски температури палеа заштитни огнови со цел да спасат барем малку од црешата.

Но, иако цената висока, сепак делумно од граѓаните купуваа по едно кило. Други се уште останаа со ставот дека годинава нема да вкусат цреша.

Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, лани се произведени 5.537 тони цреши, во 2023 година количината била 3.928 тони, а во 2022 година 5.768 тони.

Иван Митев, М-Нет