
Во континуитет се намалува бројот на новозаразени лица од Коивд 19 во болниците во Кочани и Штип. Вкупно хоспитализирана лица во штипската Клиничка болница се 40, од кои 22 во модуларната ковид болница и 28 на Инфективното одделение. Во последните 24 часа приемни се 3 нови пациенти, а 4 се регистрирани за оздравени. 35 имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 42 кревети 16 во модуларната болица и 26 на Инфективното одделение без можност за кислородна поддршка, информираше потпаролот на клиничка болница Штип, Марина Шуманска. По викендот бројот на новозаразени лица од ковид 19 е намален и во кочанската модуларна болница. Хоспитализирани се 17 пацинети, 10 од нив имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 18 кревети, информираше директорот на кочанската Општа болница, Александар Серафимов. Нема регистрирано починати лица ниту во Кочани ниту во Штип. Намалувањето на бројот на новозаразени лица од ковид 19 доведува и до благо олабавување на мерките, но и понатаму важат основните мерки и протоколи за заштита од ковид 19.
Според информации од министерствот за здравство, досега во земјата се направени вкупно 740.005 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.026, бројката на оздравени пациенти е 137.962, на починати е 5.093, а бројот на активни случаи изнесува 10.971.
Лаура Стојанова М-Нет