
Од ден на ден се повеќе се зголемува хуманоста на дело, помагајќи на лица на кои тоа навистина им е потребно во едно и така претшко време. Овој пат освен хуманитарецот Александар, во хумаоста на дело се вклучи и нашиот спортски новинар Драги Грасимов – Пушка. Благодарение на негови извори, обезбедувајќи донација од 500 евра, денеска хуманитарно им се помогна на неколку семејства.
„Денеска организиравме една хуманитарна акција и морам јавно да се заблагодарам на вашиот спортски уредник Драги Герасимов Пушка, кои од негови лични пријатели од дијаспората обезбедено е донација од 500 евра. Лично со него отидовме денеска посетивме две три семејстваи поделена е донацијата.“ – кажа Александар.
Семејството од село Ерџелија, светиниколско со оваа донација доби ламинат за својот дом, а пакети со храна и се однесоа и на госпоѓата која неколку дена по ред преку медиумите докажува дека сеуште е жива.
Преку Александар и неговата хуманитарна акција, која станува се поопфатна и по застапена, придонесе да многу наши луѓе од дијаспората се одлучат на хуман чин, да даруваат и да помогнат на некои на кои навистина тоа им е потребно.
„Дел од оваа сума која беше испратена директно кон мене, а јас преку Александар и на загрозени семејстава, однесовме и на други места со цел да им се помогне на загрозени семејства кои имаат потреба“ – посочи Герасимов.
Хуманитарните акции на Александар не завршуваат овде, со надеж дека и лица кои ќе сакаат и ќе можат да донираат ќе има се повеќе.
Лаура Стојанова М-Нет