Ќе има ли ново намалување на рестрикциите?

Намалувањето на бројот на новозаразени лица од ковид 19, како и намалувањето на притисокот врз болниците доведува до дополнително предлагање за намалување на рестрикциите во нашата држава. Комисијата за заразни болести и Министерот за здравство Венко Филипче утринава изгледоа со нов предлог мерки. Впрочем, да се намали времетраењето на полицискиот час за еден час односно истиот да започнува во 24 часот и да трае до 5 часот наутро наредниот ден. Со ова и на угостителските објекти би им се зголемило работното време, и тие клуч на врата да ставаат во 23:30 часот наместо во 22:30 како што е сега. Ова Министерот за здравство Филипче го објави и на својот фејсбук профил.

Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги предложив на Главниот координативен кризен штаб. Истите се донесени врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата.
Да се скрати рестрикцијата на движење, односно полицискиот час да трае од 24 часот до 05 часот наутро.
Угостителските објекти да работат до 23:30 часот, да се укине забраната за работа на фитнес центрите и теретаните.
Органзирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет.
Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група.
Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори.

Инаку, со мерките и  ограничувањата кои сега се на сила, никакви органичувања ниту рестрикции не требаше да важат на 12 кон 13 кога ќе се празнува празникот Рамазан Бајрам. Владата за намалување на рестрикциите требаше да одлучува во петок по празникот. Тогаш впрочем се предвидуваше дека Владата ќе одлучува за евентуално укинување на рестрикциите, како и дозвола за организирање на свадби по строго определени протоколи за работа, и дозвола за зголемено работно време на угостителите.

Меѓутоа по денешните предложени мерки, Владата би требало да одлучува утре на Владина седница дали ќе бидат прифатени или не а истите би важеле во период од 12 до 18 мај годинава.

Лаура Стојанова М-Нет