
Мотособир во Штип ќе се организира во недела на 19 мај. Пред платото на Домот на култура „Ацо Шопов“ Штип, настанот ќе започне точно напладне. Гости од државата, но и од Србија и Бугарија, посетители од регионот и штипјани може да уживаат во собирот.
„Ќе организираме мотособир, ќе имаме гости од други држави, како и од други градови од нашата држава. Мотособирот ќе се одвива на платото пред Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип со почеток од 12 часот.“ – вели Јакшиќ.
Планирано е дефиле низ градот, возење мотори, но и програма која продолжува со забавно музички дел. Околку 250 мотори и двојно повеќе луѓе се очекува да бидат дел од настанот во недела.
„Имаме дефиле низ градот , ќе возоме мотори. Сите оние кои ќе возат со себе да понесат и кацига. Очекуваме гости од Србија и Бугарија. Треба да се вкчучат околу 200 до 250 мотори и некаде околу 500 луѓе.“ – додава Јакшиќ.
Сообраќајот нема да биде блокиран и ќе се одвива најнормално. Во оваа прилика Јакшиќ ги покани сите граѓани, љубители на моторциклите да бидат дел од настанот и да уживаат во предвидената програма.
Лаура Стојанова, М-Нет