Младата штипска тенисерка Мила Ушинова го освои отвореното првенство на Македонија за јуниорки до 12 години

Изминатите три дена на тениските терени на тенискиот клиб Борец од Велес, се одржа отворено првенство на Македонија во тенис за јуниорки до 12 години, а на кое триумфираше Мила Ушинова, член на на ТК Астибо од Штип. Младата тенисерка од Штип по четиридневни борби по пет исцрпувачки натпревари кои траеја по два часа и без загубен сет победи во финалето во меч за паметење и беше подобра од Ведрана Танеска втора носителка од ТК Охрид со резултат 7/5 и 7/6 ( 7/3 тај брејкот). Ова е прв освоен турнир до 12 години и поттик за понатамошна работа и успеси на младата тенисерка. Овој успех на Ушинова доаѓа и со дополнителни индивидуални тренинзи изминатиот период со нејзиниот татко Марјан и спаринг партнерот, братот Тодор Ушинов, кој настапува во повозрасните категории за јуниори 16 и 18 години.

“Голема благодарност и до сопственикот на тениските терени кај градскиот базен Аква Бела ресорт за понудените термини. Благодарност од стручниот тим на ТК Астибо, до Срѓан и Дијана”, рече Ушинов. На турнирот учество земаа и тенисерките Лина Рамбабова и Теона Богоева кои беа запрени во 1/8 финале, како и Стефан Гичев и Давид Стојановски сите од ТК Астибо од Штип.

Александар Ванев, М-Нет