
Со многу труд, вложена енергија и секогаш свежа и брза информација во регионот, М-Нет телевизија денес го прославува својот четврти роденден и ја отвори новата листа за достигнувањата во следната година. Екипата на М-Нет телевизија и оваа година работеше напорно, испиша нови резултати, и остави уште една успешна година зад себе.Сите заеднички, ентузијастички пристапивме кон оставарување на нашата цел, М-Нет телевизија да ги достигне своите најдобри години. Вести, емсии, спортски магазин, високи бројки на гледаност, верба од публиката е она што дава мотив за сигурни чекори во иднина. М-нет телевизија стигна до 540 000 гледачи неделно само на социјалната мрежа фејсбук и над 70 000 следбеници. Станa бренд во извествувањето, а нашата компанија стана медиумски подржувач на многу локални и регионални настани. М-нет спорт, достигна достигна околу 140 000 гледачи неделно и над 13 000 следбеници. Воведовме по три дирекни фудбалски преноси во ист термин, нешто што ниту една македонска телевизја го нема направено. Имаме по двајца коментатори на еден натрпевар на македонски и албански јазик.
Пред нашите камери, среќен роденден ни посакаа и граѓаните на Штип, кои велат дека секое попладне им поминува пред малите екрани на програмата М-Нет или на фејс бук страницата на истиоимената телевизија, за да слушнат нешто ново, дали тоа за политика или за слободна анкета преку која со позитивна енергија тие ги полнат своите батерии.“Па навечер гледаме обавезно. Добри емисии имате и задоволни сме со целото тоа. Ги гледам вестите обавезно.“, истакнаа граѓаните
Зад себе М-нет остава четири пати по 365 дена работа, кој сведочат за случувањата, а дополнително се одраз на волјата, трудот и работата од нашата редакција. Четвртата година претставува четврто скалило по кое таа стабилно успеа да се изгради како регионална телевизија. Пред четири години таа го зеде предизвикот, па врз основа на тоа денеска е меѓу првите во регионот, која секогаш носи одговорна должност, да ја доставува брзо секоја вест која е во корист на граѓаните.
Лаура Стојанова, М-Нет