
Добро здравство, образование, високи плати, стабилни цени, пристојни услови за сите, се само дел од ветувања кои денеска ги даде претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по повод промовирањето на кандидатите за градоначалници и советници во Штип. Од настанот кој се одржа во домот на културата, тој јасно потенцираше, правда и ред или нема да ја биде државата. Рече дека тие како политичка партија имаат одговорност да воведат мерки и чекори од корист за граѓаните.
,,Денес со гордост ги претставувам и поджувам нашите градоначалници кандидати и идни градоначалници, луѓе што во изминатите години покажаа што значи да се работи со визија, со чесност и со упорност. Луѓе што оставија зад себе проекти, што ги променија општините, како нови училишта, реновиранио улици, паркови, канализации. Политиката е одговорност, покрај нашите градоначалници, овде се и кандидатите за идни градоначалници. Нема напредок без чесност, нема правда без одговорност. Корупцијата е данок врз сиромашните и мора да ја искорениме. Ќе биде или правда и ред или нема да ја биде државата, или корумпираните политичари мафијаши или Македонија.“, рече Мицкоски
И додека борбата е за чесна и успешна Македонија, противниците се борат за друго, потенцираше Мицкоски. Рече дека противниците се обидуваат повторно да прават трикови и празни декларации за да го измамат народот.
Инаку, претседалот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дополнително потенцираше дека очува победа на локалните избори. Тој силно најави дека сите одговорно ќе работат за граѓаните и за подобрување на општините.
Иван Митев, М-Нет