Кочанчанец на сила одзел мобилен телефон на свој сограѓанин, му го оштетил часовникот и го натепал

Кочанчанец на сила одзел мобилен телефон на свој сограѓанин, му го оштетил часовникот, го тепал, приведен во полиција

На 26.09.2025 во 21:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Т.А.(41) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14:45 со употреба на физичка сила му одзел мобилен телефон, му го оштетил часовникот, а потоа и физички го нападнал Д.Ј.(41) од Кочани. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.