Мицкоски: ВМРО ДПМНЕ ќе се залага за правата на текстилите работници

Да бидат слушати и прифатени барањата на тектилните работници и тие да бидат вклучени во шестиот пакет мерки ќе бидат заложбите на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. Ова од Штип денес го вети лидерот на Вмро Дпмне, Христија Мицкоски.

„Она кое што понатаму во текот на денот имавме можност да го слушнеме е токму од „Гласен текстилец“ со проблемите со кои се соочуваат текстилните работници. До крајот на 2020 година повеќе од 7 000 текстилни работници останале без егзистенција, останале без своето работно место. Сето она кое претставува предизвик во работењето можевме детално да го слушнеме и ние како ВМРО ДПМНЕ ќе бидеме гласни во Парламентот и во овој следен шести пакет антикризни мерки ќе бараме и ќе инсистираме да барањата на текстилните работници посебно бидат вклучени во тој шести пакет“ – кажа Мицкоски.

Мицкоски во Штип посети семеен бизнис кој успешно работи и во време на пандемија, истакнувајќи дека на ваквите бизниси треба да им се посветува поголемо внимание од која и да е Влада.

Лаура Стојанова М-Нет