Со инцидент одбележан денот на пожарникарите во Општина Штип

Со инцидент одбележан денот на пожарникарите во Општина Штип. На почетокот на говорот на градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов, со низа прашања се појави човекот кој девет години работел во ТППЕ Штип, Александар Ѓорѓиевски. Откако самиот се понудил хумаитарно да работи повторно во оваа установа, и откако на две испратени писма до градоначалникот, а по подогло време не добил одговор, Аце јавно се обиде да разговара со првиот човек на Општина Штип. Притисокот од лица вработени во општина беше видно забележа но не и доволен за да го спречи Александар да побара одговор на неговите прашања.

По завршување на говорот на Николов, дојде ред и на Александар.

Во меѓувреме првиот човек на градот под Исарот упати благодарност до пожарникарите за работата и пожртвуваноста која е покажана од нивна страна. За претходната година во Општина Штип бројот на технички интервенции е зголемен, но намален е бројот на пожари истакна командрот на ТППЕ Штип, Тони Атансов.