Починале три лица од Ковид 19 во Кочани и Штип, бројот на новоинфицирани останува ист

После повеќе од недела дена повторно регистриран еден починат пациент во кочанската Општа болница и двајца во штипската Клиничка болница. Но, бројот на новоинфицирани пациенти речиси идентичен како и во текот на претходното деноноќие. Во штипската модуларна болница хоспитализирани се 28 ковид пациенти, од ние само 5 имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 19 ковид кревети информираше потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската модуларна болница бројот на хоспитализирани ковид пациенти е 7, од нив 6 имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 26 кревети, истакна директорот на болницата Александар Серафимов.

Според информации од Министерството за здравство, досега во земјата се направени вкупно 763.451 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.891, бројката на оздравени пациенти е 146.499, на починати е 5.249, а бројот на активни случаи изнесува 3.143.

Министерот за здравство Венко Филипче дополнително на својот фејсбук профил соопшти дека  се Бележи значително намалување на притисокот врз болниците кај нас и во регионот, капацитетот на исполнетост во болниците ширум државата е некаде помеѓу 20-30%. Голем број на ковид центрите се затворени, до крајот на неделата и одделенијата во зградата на интерните клиники се очекува да бидат вратени во нормала.

Лаура Стојанова М-Нет