Министерот за земјоделие Трипуновски на работна средба во кочанско

Како да се надминат проблемите во земјоделството во кочанскиот регион, како да им се помогне на земјоделците, ова беше главната тема на дискусија денеска во Кочани при работната средба на министерот за земјделството Цветан Трипуновски. Најпрво средба се оствари со градоначалникот Љупчо Папазов, а средба министерот оставри и со земјоделците од кочанскиот регион. Вели дека во наредниот период се прават тенденции да се надминат проблемите кои ги имаат земјоделците во Истокот од државата.

„Како што е редот првата средба ја имав со градоначалникот. На средбата разговаравме за општината во делот на земјоделството, актуелни отворени ситуации се со цел во иднина ќе се обидеме ако има некои технички проблеми да ги да ги решиме се во интерес на земјоделците.“ – вели Трипуновски.

За Трипуновски ова е прва работна средба со земјоделците од кочанскиот регион откако е на функција министер за земјоделие. Ветувањето остана дека ќе бидат надминати проблемите со кои се соочуваат земјоделците од овој регион.

Лаура Стојанова М-Нет