Трето ноќно скијање под рефлектори на Пониква утревечер во периодот од 17 до 20 часот

Утревечер повторно се организира ноќно скијање на Пониква. Љубителите на скијањето и зимските спортови може да ги користат ски патеките еден и три. Патеките се целосно израмнети и поставен е вештачки снег. Теренот за ноќно скијање е целосно осветлен со што се нуди вистинско уживање на љубителите на зимските спортови. Ова ноќно скијање се организира по трет пат оваа сезона, а првото ноќно скијање беше реализирано на 15 јануари со создавањето на првата снежна покривка. Ски патеките ќе бидат достапни за сите во периодот од 17 до 20 часот.

Инаку, по првата формирана снежна покривка оваа година Пониква стана атракција за граѓаните од цела држава. Посетеноста е задоволителна, а исто се очекува и за ноќното скијање закажано за утревечер.

Лаура Стојанова М-Нет