
Со натпреварите од 13. коло започна пролетната полусезона во Првата кошаркарска лига на Македонија, каде кандидатите за титула победнички ја отворија Новата година.
МЗТ Скопје славеше голема победа против битолски Пелистер на домашен терен со резутлат од 82:62 или 20 поени разлика. Шампионот тргна одлично особено во првата четвртина кога МЗТ беше подобар со 20:7 со што веќе беше најавена победата, откако првата четвртина се покажа како клучна.
На голема победа се радуваа и кошаркарите на Работнички кој со 103:68 славеа висока победа над Шкупи, екипа која ја продолжи серијата на порази од минатата година. Втората и третата четвртина беа пресудни за овој голем пораз на Шкупи, а на што пак Работнички дојде до посакуваната цел.
Тиквеш со само еден поен разлика се израдува на триумф и победнички ја отвори 2025 година, откако на домашен терен со 84:83 го доби тимот на Куманово. Израмнет меч во текот на сите четвртини, а втората четвртина беше клучна за триумф на кавадаречкиот тим, додека пак Куманово во последната четвртина се обиде да ја надокнади разликата, откако истата ја доби со 15:23, но сепак на крајот загуби со само еден поен разлика.
Кожув беше пресилен против Вардар откако на гостински терен со 77:103 славеше голема победа и со тоа после три порази кои ги забележа на крајот од 2024 година се врати на победничките патеки. Тимот од Гевгелија сериозно се вмешува во врвот од табелата.
Чаир на домашен терен со 85:82 тесно го доби тимот на Феникс и после серијата порази дојде и триумф односно позитивен резултат, а на триумф се радуваше и ТФТ Скопје со 77:71 славеше над Гостивар.
На врвот од табелата е МЗТ Скопје со 23 бодови, а толку има и ТФТ Скопје кој е втор, на третото место е Кожув со 22 бодови, а толку има и Пелистер кој е на 4. место, на дното е Вардар со 13 бодови и единствен тим без триумф.
Александар Ванев, М-Нет