
Сите ученици од основните и средни училишта во Штип, студентите, пензионерите, лицата со статус на деца без родители, приматели на социјална помош ќе добијат повластување на услугите за користење градски линиски превоз. Од денеска неограничено во наредниот период може да се користи услугата, со купување на месечен или годишен билет.
„Во таа насока воведуваме повластени категории на граѓани кои ќе користат одредени попусти при користење на услугите. Тука спаѓаат сите ученици од основните и средни ученици кои не се опфатени со услугата, студентите, пензионерите, примателите на социјална помош, лицата со статус на деца без родители, пензионерите“ – вели Стефановски.
Попуст во цената ќе има на месечните и годишни билети линеарно за 200 односно за 2000 денари. Со купен месечен или годишен билет може да се користи јавниот превоз неограничено во текот на денот.
„Попустите се однесуваат за сите зони на територија на Штип и Карбиници. Линарно ќе се намалуваат билетите и тоа за 200 денари на месечните и 2000 денари на годишните билети. Месечниот билет во градската зона ќе биде од 700 – 500 денари, а месечните од 7000 ќе бидат 5000 денари.“ – вели Стефановски.
Стефановски потенцираше дека на ваков начин се апелира граѓаните да го користат градскиот линиски превоз, но и дека месечните и годишни билети се многу поисплатливи за користење за разлика од дневните.
Лаура Стојанова М-Нет