Родителите исплашени и вознемирени – бараат зголемена безбедност за децата пред училиштето

Вознемирени родителите на основците кои денеска беа на училиште во „Страшо Пинџур“ во Карбиници. Повик од наставничките ги собраа пред училиштето за да си ги земат своите деца од училиште. Исплашени по се што се случи изманативе денови во државата, велат на еден здив дошле да ги земат своите деца. Согласни се дека треба да се зголеми безбедноста пред училиштето во споротивно велат своите деца веќе нема да ги пуштаат на училиште. Додаваат дека ќе се собира и петиција за поголема безбедност.

„Да, јас имам две деца, ученици се овде. Како да не сме вознемирени, дали мене некој ме прашува како сум стиганл од дома до тука да видам што како е“ – велат родителите.

Жителите кои живеат во близина на ОУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци забележале црн автомобил кој влегол во училишниот двор. Велат дека лицето од автомобилот барало дете кое го имало на слика. Вознемирени и со солзи во очите велат ваков настан до сега кај нив не се секаваат да имало, ама загрижени се и за безбедноста на децата.

„Јас видов само црна кола и дечињата избегаа внатре во училиштето. Потражиле некое дете по име го кажале, ама излезеле наставниците и избегале со колата.“ – велат соседите.

Настанот од утринава крена паника, па за поголема безбедност апелираше и градоначалникот Виктор Паунов, а од СВР Штип потенцираа дека со шпекулации и дезинформации само се зголемува паниката кај радителите.

Лаура Стојанова М-Нет