
Со оглед на тоа што во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје е зголемен бројот на пациенти заболени од КОВИД19, а медицинскиот персонал се намалува поради симптоми од вирусот, од Клиничка болница Штип во текот на вчерашниот ден заминале три медицински сестри да помогнат на своите колеги во Скопје.
Ова го потврди и директорот на штипската клиничка болница, д-р Ален Горгијев, кој рече дека медицинските сестри овде работеле на очно одделение, ушно и Одделението за Интензивна нега.
Георгиев истакна дека станува збор за искусен персонал кој ќе биде од голема помош на нивните колеги во борбата против короната во болницата „8 Септември“. Таму ќе останат три седмици.
Зголемениот број на заболени со КОВИД19 во Скопје може да резултира со преполнување на капацитетите со кои располага болницата 8 Септември, а со тоа да се појави потреба истите да се префрлаат во болниците во останатите градови.
Доколку дојде до тоа, пациенти од Скопје да се префрлаат во штипската клиничка болница, директорот д-р Ален Георгиев истакна дека може да излезат во пресрет само за пациенти со полесна и средна клиничка слика. Инфективното одделение во Штип, се`уште немало услови за пациенти со потешки симптоми, додаде д-р Георгијев.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет
Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ
Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ