Најавен протест против изградба на паркинг платформата во Штип

На локација каде е планирана изградбата на втората паркинг платформа во Штип за утре е предвидено да се одржи собир – против изградбата. Собирот ќе трае еден час, од 19 до 20 часот.

Иницијативата за организирање на собирот резултат од петицијата за стопирање на изградба на паркинг над коритото на река Отиња наспроти Здравствениот дом – Штип. Петицијата која беше објавена на социјалните мрежи предизвика голем интерес од штипјани.

До објавувањето на овој текст бројот на поддржувачи изнесуваше над 500.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет