Масовна посетеност годинава во штипскиот музеј, посета има од земјава и странство

НУ“Завод и музе,, Штип од почетокот на годината, до денес има посетеност со над 6000 туристи. Покрај лицата од земјата, особено од голема важност за државата од оваа установа е посетеноста на нашите иселеници, но и нивните гости од странство, кои се воодушевени од историските и архелошките знаемнитости на државата, вели водичот на музејот Симона Велкова.

„Моментално до сега има преку 6000 туристи од почетокот на годината до сега. Кај нас доаѓаат обично на периоди, а летниот период имаме најчесто посетители од странство, додека она што ме радува е нашите иселеници кои што доаѓаат на одмори во градот често донесуваат нивни гости исто од странство.“, вели Велкова

Од септември годинава, планирани се посета на училишни групи и организирани екскурзии од најмалата возраст од училштата, па се до поголемата од факултетите.

„Сега од септември веќе започнуваат школските групи и затоа најчесто септември и мај месец т.е почетокот и крајот на школската година имаме посетители од школите, како и организирани екскурзии од најмала возраст прво, второ и трето одделение, па се до средношколци, кои што завршуваат средна школа, дури и организирани посети од факултетот. Преку годината пак од oктомври до aприл имаме посетители кои што престојуваат во градот со цел некакви бизнис проекти и сите тие сакаат да го посетат нашиот музеј.“ , додава Велкова

НУ“Завод и музеј“ располага со архелошка поставка со експонати од времето на Неолитот, па се до средновековниот период, историска поставка со сведочење на градот Штип и етнолошка поставка од 19 и 20 век.

Лаура Стојанова, М-нет