
За да не дојде до задолжување на политичките партии кај бизнис секторот, или евентуални политички влијанија кај бизнис секторот, со закон е утврдена јавна финансиска помош на истите. Концептот на финансирање на политичките партии е утврден уште од претходно. Новоста е значителното намалување од 30% во финансиската помош, кое денес го соопшти министерот за правда Бојан Маричиќ. Парите коишто ги добиваат политичките партии се пари кои законот ги доделува, без притоа можност да се дискутира дали се многу или малку, но според Маричиќ, важно е истите да бидат рационално искористени.
Лаура Стојанова М-Нет