
Казнено поправниот дом во Штип, ги задоволува принципите за работа. По започнатите активности од пред три и пол години, до денес има огромна разлика, секако на позитивно, како во инфраструктурата така и во техничките услови. Казнено поправниот дом во Штип беше посетен од страна на министерот за правда Бојан Маричиќ, кој уверен од виденото зборува за условите и придонесите за овој Казнено поправен дом.
„Ќе споменам само неколку работи. Еве на пример ова е првиот казнено поправен дом во истокот кој има детско клтче, исто така е направена и нова библиотека која воедно служи и како училница“ – беше дел од изјавата на Маричиќ.
Благодарност и задоволство од посетата на министерот за правда, изрази и директорот на казнено поправниот дом во Штип, Мики Тодоров.
Засега и ситуацијата со корона вирусот во казнено поправниот дома во Штип се држи под контрола. Од затворениците нема ниту еден позитивен случај на Ковид – 19, само двајца од вработените кои не се на работа. Се почитуваат мерките и портоколите и доколку некој од затворениците пројави симптоми му се укажува медицинска помош. За разлика од овој казнено поправен дом, во затворот во Идризово, заклучно со петокот имало заболени 8 лица од Ковид – 19 и 60 лица во изолација.
Казнено поправниот дом во Штип е одличен пример како постојано треба да се унапредуваат условите и третманот на затворениците, и како навистина општеството може да помогне во нивната рехабилитација, соопшти Маричиќ.
Лаура Стојанова М-Нет