Македонските одбојкари патуваат во Беверен

По струмичкиот турнир, македонските одбојкари се подготвуваат за следните два натпревари во Европската златна лига. Македонската репрезентација денес патува во Беверен каде што во сабота ќе се соочи со селекцијата на Азербејџан, додека пак во недела со Белгија. Двата противника досега забележаа по два порази што е идентичен ефект како на нашата репрезентација.

Нашите одбојкари фокусот го ставија на Азербејџан со оглед дека има полош рејтинг од нас, а доколку се триумфира над Азербејџан, тогаш речиси ќе биде сигурно дека ќе го повториме пласманот од ланското издание на Европската златна лига кога бевме 11-ти, а секако ќе ја задржиме можноста и за скалоло погоре.

Азербејџан не освои ниту еден сет на домашен терен против Романија и Украина. Селекторот Хари Наковски деновите инсистираше на поправање на приемот, бидејќи тој елемент ќе биде клуч за нашето издание на двата натпревари во Беверен.

Доколку тука се подобриме, ќе ги зголемиме нашите шанси и во соочувањето со Бегелија која загубија со 3:1 од Хрватска, а со 3:0 од Финска, но за разлика од Азербејџан, одигра многу потесни натпревари на турнирот во Тампере.

Во составот на македонската репрезентација нема промени, а тоа значи дека Тоше Ефремов и Кристијан Илиев нема да патуваат во Беверен, па така селекторот Наковски ќе се потпира на истиот состав од претходно.

Реална е опцијата четвртипат по ред во последните десет години, да славиме со максимални 3:0 против Азербејџан.

Александар Ванев, М-Нет