
Кошаркарите на Работнички сезоната ја завршија како третопласирани, откако и во вторито натпревар од плеј+офот беа подобри од екипата на ТФТ Скопје.
Првиот период од натпреварот во СРЦ „Кале“ беше најизедначениот, а потоа Работнички се покажа како подобар и стекна голема предност. На крајот од третата четвртина, најтрофејниот македонски кошаркарски клуб имаше предност од 66:51, а потоа само рутински одигра до крајот на мечот за конечниот исход да биде 96:68.
Ѓуровски реализираше 22 поени, Трајс и Шошкиќ по 13 поени, а Ефремовски имаше 12 поени за Работнички. Кај ТФТ Скопје Верц имаше 14 реализации, Хаутон имаше двоен ефект од 13 пеони и 11 скока, Калхун и Ташоски дадоа по 12 поени.
Александар Ванев, М-Нет