
Англицизмите стануваат сериозна закана за македонскиот јазик. Професорката Наташа Митев предупредува дека иако е природно јазикот да прима нови зборови, претераната употреба на англицизми може да ја наруши неговата автентичност. Таа нагласува дека проблемот се јавува особено кога странски зборови се користат наместо веќе постоечки македонски изрази. Според Митев, таквите навики создаваат непотребна мешаница и влијаат врз јазичните норми. Затоа апелира на умереност и поголема грижа за зачувување на јазичната чистота.
,,Македонскиот јазик природно се менува и прима нови зборови, тоа особено од англискиот поради технологијата, интернетото и глобализацијата. Но, англизицмите не се проблем сами по себе, тие се нормален дел од јазичната евулација, но проблемот настанува кога нивната употреба е претерана. Значи не дека воопшто да не ги употребуваме, туку да не се претерува. Или често се користи таму каде што веќе постои македонски збор. Во такви случаи се создава непотребна мешаница и се губи јазиќната автентичност, па со тоа очекуваме дека јазикот може да трпи влијание, но со умереност и со почит кон неговата структура, а и неговите норми.“, рече Митев
За да се зачува македонскиот јазик, според професорката Наташа Митев се потребни конкретни мерки. Таа нагласува со јасни правила и нивно почитување од страна на институциите и училиштата ќе може да се избегнат ваквите ситуации
,,Според мене за правилната употреба на македонскиот јазик потребно е јасно поставување стандарди со кои нивно доследно почитување на тие стандарди кои што би биле ставени, а институциите, медиумите да имаат јазични уредници, кои ќе внимаваат да се користи соодветно македоски зборови, наместо странски односно странцизми. А училиштата ќе ги зедеме во обзир, затоа што сепак се потекнува од училиштетот, со квалитетна настава, како и добар пример може да ја развијат навиката кај младите за чисто изразување на македонскиот јазик.“, додава Митев
Ова се истакнува по повод Денот на европските јазици, со цел да се потсети на важноста од зачувување и промовирање на македонскиот јазик. Се нагласува дека секој од нас може да придонесе со правилна употреба и почитување на македонските зборови во секојдневието.
Иван Митев, М-Нет