Денес е Свети Јован Златоуст, светителот кој лекувал со зборови

Денес е Свети Јован Златоуст, заштитникот на праведниците, проповедниците и сиромашните. Овој празник се празнува секогаш на 26 ноември, со посебна почит кон неговото дело и неговото „златно“ слово. Верниците се собираат на богослужби, потсетувајќи се на неговата мудрост, храброст и борба за правдата.

Светиот Јован Златоуст бил еден од најголемите христијански учители. Потекнува од Антиохија, каде уште од младоста се истакнувал со својата острина на умот и ретка дарба за говорништво. Неговите проповеди биле толку силни и јасни што народот му го дал прекарот „Златоуст“ — човек со уста од злато.

Познат е по својата бескомпромисна борба против неправдата и злоупотребите во општеството. Дури и кога тоа значело да застане против најмоќните луѓе на своето време, тој не се повлекувал. Заради неговата непокорност кон неправдата бил прогонував двапати, но дури и во прогонство ги пишувал своите најмоќни посланија.

Преданијата велат дека преку неговите молитви многумина биле излекувани, а народот го почитувал и како чудотворец. Во една од најпознатите случки, се раскажува дека со молитва ги смирил немирите во Константинопол, донесувајќи мир таму каде што било најнеопходно.

Делото на Свети Јован Златоуст живее и денес — во неговите литургии, поуки и примерот за неуморна борба за вистината.

Тој покрај денес, се празнува и фо февруари, заедно со Свети Григориј Богослов и Василиј Велики, познати како три светители, кој лечат ум, тело и дух.ж

Иван Митев, М-Нет