Македонскиот фудбал од следната сезона добива ВАР-технологија!

Македонија е меѓу ретките држави во Европа која нема ВАР-технологија, бидејќи истата е речиси во секој европски шампионат. Тоа што досега немаше ВАР во македонскиот фудбал се должеше и на фактот што немавме судии, но и обучени лица за работа со ВАР-технологија.

Новиот претседател на ФФМ, Масар Омрагиќ истакна дека ВАР-технологија ќе има во Македонија и тоа веќе од следната сезона 2025/2026, за што ќе започне обуката и инсталирањето на тој систем.

„Под итно воведување на ВАР технологија на стадионите. А, потоа и инфраструктура со трибини, рефлектори и терени. Тоа ќе биде еден од приоритетите. Ќе создадеме средина каде што секој играч ќе има пристап до квалитетни терени. Оваа цел заеднички ќе ја оствариме со поддршка на УЕФА И ФИФА, со помош од државните институции и локалната самоуправа. ВАР ќе има од следната сезона 2025/2026, значи од следната година, затоа што е потребен рок од неколку месеци за обука и инсталирање на тој систем. Меѓутоа сигурно е дека истиот ќе биде подготвен за наредната сезона“, рече новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Клубовите изминатиот период бараа воведување на ВАР-технологија, за што многупати реагираа и на судиски одлуки.

Александар Ванев, М-Нет