КУП: Мал Ајакс во Штип го декласираше прволигашот Црна Река, Кратово и Форца во следна четвртфинале!

Седум од осум патници се познати за четвртфиналето од футсал Купот на Македонија, а најголема победа во осминафиналето однесе второлигашот Мал Ајакс кој во Штип со убедливи 10:5 го декласираше прволигашот Црна Река од Кавадарци.

Со ова победа Мал Ајакс освен што ја потврдува одличната форма, ги потврдува и амбициите кои ги има во Втората лига каде е есенски шампион и го трасира патот кон враќање во Првата лига.

Кораб со 5:8 загуби од Шкупи со што прволигашот обезбеди следна фаза, а понатаму во Купот оди и второлигашот Кратово кој го доби прволигашот Железарец со 6:4. Бутел загуби од освојувачот Форца со 4:6, а пак Партизан Југ со 6:2 ја доби прилепска Победа. Во следна фаза патува и Јувентус Серава кој со 4:2 славеше над Клими.

Вечерва ќе биде познат последниот патник за четвртфиналето со одигрување на натпреварот во Крива Паланка меѓу Осогово и Проект, во прволигашко дерби.

Александар Ванев, М-Нет