Фикрет Љиварека од Осогово го засили амбициозниот третолигаш Шкендија Арачиново

Есенскиот шампионот во Трета лига – Север, Шкендија Арачиново, за пролетната полусезона го засили тимот со младата фудбалска надеж, Фикрет Љиварека. 19-годишниот фудбалер пристигнува од второлигашот Осогово од Кочани, потпишувајќи шестмесечен договор со можност за продолжување. Шкендија Арачиново се надева дека Љиварека ќе донесе нова енергија и квалитет во средниот ред на тимот.

Љиварека ги има поминато младинските репрезентации на Македонија (до 17, 18 и 19 години), а фудбалски потекнува од ФК Скопје.

Со солидната бодовна предност што ја има на полусезона, Шкендија Арачиново е на добар пат да го потврди првото место во пролетниот дел и да обезбеди бараж за Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет