Лековитоста и моќта на водата во Бања Кежовица го развива здравствениот туризам во Штип

Штипскиот бањски центар Кежовица прочуен многу далко по својата моќ и лековитост. Природни богатства вредни многу за здравјето на човекот, а многу често посетувани од граѓани од нашата држава, но и многу пошироко. Денешниот ден во Бања Кежовица беше посетен од многу луѓе, особено пензионери бидејќи секој вторник во неделата за нив е беспалтен. Имавме прилика да слушнеме и пофални зборови од страна на посетител од Србија, која посочи дека водата во Бања Кежовица е најдобрата вода во Европа, а таа ја посетува бањата втор пат и престојува најмалку по 15 дена по препорака на доктор.

„Соодветна е водата за овој период, не е спарно, ниту пак е топло. Многу се љубезни и ја адаптираат температурата, секоја чест водата е многу добра и хигиената. Јас прв пат дојдов во фебруари и сега докорот ми препорача повтроно да дојдам најмалку 15 дена, има многу корист. Водата во бања Кежовица поради некои минерали кои ги содржи е најдобрата вода на прво место во Европа.“ – велат граѓаните

Во неделата барем еднаш ја посетуваме бањата, но има и периоди кога доаѓаме и по двапати во неделата, се осеќаме многу добро и затоа често доаѓаме, велат штипјани. Додаваат дека посетата на бањата е многу поголема во зимскиот период за разлика од топлите денови кои знаат да бидат неподносливи за граѓаните.

„Во неделата еднш обавезно, понекогаш доаѓам и двапти во неделата. Ако не би ја имало бањата лошо, супер е тука, многу убаво, водата е квалитетна се е многу убаво. Па за пензионерите во втроник е без пари инаку се плаќа 50 денари. Па овие последните две години редовно одеме на бања. Па јас веќе дванаесет години сум секоја година овде. Па секој вторник одеме, бесплатно ни е за пензионерите и одеме. Водата е за мерак, безценето е, многу е добра водата и за здравје и за се. Многу болести лечи водата, затоа и доаѓаме, затоа што се осеќаме многу подобро. Па летно време нема, но зимото е многу повеќе, сега е многу жешко и луѓето не можат да ги издржуваат високите температури. Јас сум пензионер веќе почнувам да ја користам услугата, само летото не одам многу.“

Во комплескот Кежовица во Штип постои зграда за физикална терапија која располага и со базен со термална вода која се користи за вежби и лекување на пациентите главно со фрактури.Штипската бања е позната уште од времето на турското владеење во Македонија, која исто како и денес се користела како лековита термална бања.

Лаура Стојанова, М-Нет