Куќа или стан – честа дилема помеѓу граѓаните, каде се подобри условите?

Куќа или стан. – Која опција е подобра за живеење? На ова прашање анкетираните за М-Нет телевизија велат дека не постои некој конкретен или точен одговор. Одлуката најчесто се заснова на многу различни фактори, па на крајот на краиштата е прашање и на личен вкус на секој. Додаваат дека помладите многу почесто се одлучуваат да живеат во стан, а за повозрасните подобро би било да живеат во куќа, затоа што има многу повеќе предности.

„За мене во куќа е подобро. Се имаш во куќата, повеќе простории, двор, сенка. Куќата за мене е предност, а младите стан. Во куќа, во станот е тесно. Двор има, цвеќиња ќе си насадеш, а во станот нема ништо само од ќош во ќош. Многу е убаво да имаш куќа, ама кога немаш, па и ништо не бива. Мислам дека во куќа, поубаво е со дворче со се, цвеќиња, природно, супер.“ – веелат анкетираните

Според статистики заклучено е дека понудата на станови е многу поголема и генерално за нив е поголема побарувачката. Понудата ја намалува цената на становите, бидејќи секогаш се бараат функционални и не премногу големи станови. Многу често не одбираат да купуваат куќи затоа што треба да се реновираат, а за тоа се потребни многу пари, а новите куќи најчесто се многу големи, а со тоа и скапи. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи. Во текот на 2023 година се градени вкупно 2 020 објекти и завршен е вкупно 2 331 стан со вкупна површина од 299 224 м2, од кои 67 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7 196 м2. Просечната корисна површина на завршените станови е 128.4 м2. По региони, најмногу се градеше во Полошкиот Регион, потоа во Скопскиот, Југозападниот.

Лаура Стојанова, М-Нет