
Поранешната репрезентативка Христина Арсова вели дека во Македонија треба да се работи на подобрување на инфраструктурата, додава дека во Македонија има талентирани фудбалерки.
Арсова ќе биде дел од новиот женски фудбалски клуб Слободен, кој пријави екипа за настап во Втората лига.
Според Арсова спонзорства има многу слабо, а проблем претставуваат и терените.
Бројот на екипи во Втората лига ќе се зголемува, минатата сезона беа осум екипи, а во новата сезона се очекува оваа бројка да се зголеми со пријавување на нови екипи.
Александар Ванев, М-Нет