Во второто коло во ПМФЛ „вечно дерби“ на Вардар и Пелистер на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје

ФОТО: Телевизија М Нет

Второто коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ни го носи и „вечното дерби“ меѓу Вардар и Пелистер, а со оглед на фактот што во новата сезона Вардар се враќа на Националната арена „Тодор Проески“ тоа ќе значи дека „вечното дерби“ ќе се одигра на Националната арена.

Повеќе од јасно е дека двете навивачки групи верните „Комити“ и „Чкембари“ ќе ја напреват атмосферата „пеколна“, а тоа ќе понуди атрактивен прволигашки меч на двата фудбалски бредан.

Стари добир ривали, дуел кој важи за „вечно дерби“ во македонскиот фудбал и кое секогаш буди интерес кај фудбалската јавност. Повеќе од сигурно е дека верните „Комити“ ќе направат атмосферата за паметење за враќањето на Вардар на Арената.

Градското дерби меѓу Вардар и Работнички на Арената ќе се одигра во рамки на 11. коло.

Александар Ванев, М-Нет