КУП: Арсими го доби Кожуф, Шкендија Арачиново го шокираше Работнички, Брегалница пресилна!

фото: М Нет-ТВ

Денес се одиграа натпреварите од првата фаза од Купот на Македонија, дебитанти беа четвртолигашите Јени Маале и Слободен.

На телевизија М Нет во соработка со ФФМ можевте да го следите мечот меѓу Кожуф и Арсими каде екипата на Арсими со 1:2 славеше.

Рамадани погоди за 0:1, а потоа Шефити погоди за 0:2 по осум минути игра во вториот дел.

Грозданоски во финишот на мечот погоди за конечни 1:2, а тоа предизвика неизвесна завршница.

фото: М Нет-ТВ

На М Нет Спорт го следевте мечот меѓу дебитантот Слободен кој беше високо поразен од Брегалница со хет-трик на Абази, Фејзулаи два гола и еден гол дело на Крстевски.

Најголемо изненадување е третолигашот Шкендија Арачиново со 2:0 славеше над прволигашот Работнички со головите на искусниот Трпески и Алији.

Бранител на Купот на Македонија е екипата на Тиквеш, која во првото коло одмараше, а ќе се приклучи со натпреварување од втората фаза.

Денес беа одиграни 12 натпревари, а првата фаза од Купот на Македонија ќе се комплетира на 2. октомври (среда) со одложените три натпревари.

  • РЕЗУЛТАТИ ПРВА ФАЗА КУП НА МАКЕДОНИЈА:

Борец – Детонит Плачковица, 0:1

Скопје – Пелистер, 0:1

Јени Маале – Шкендија, 0:5

Карбинци – Силекс, 1:4

Кожуф – Арсими, 1:2

Новаци – Вардар, 0:2

Охрид – Беса, 1:5

Шкендија Арачиново – Работнички, 2:0

Слободен – Брегалница, 0:6

Слога Виница – Струга Трим Лум, 1:6

Вардар Неготино – Брера, 0:4

Џепчишти – Шкупи, 0:8

  • НАЈАВА НА ОДЛОЖЕНИТЕ ТРИ КУП НАТПРЕВАРИ ЗА 2. ОКТОМВРИ (СРЕДА), 14 ЧАСОТ:

Башкими – Воска Спорт

Беласица – Македнија ЃП

Победа – Гостивар

Александар Ванев, М-Нет