
Предвидени се нови наставни програми и учебници, за седмо, осмо и девето одделение, како и за средно гимназиско образование, а во средно стручно проширување на концептот на дуално образование. Министерката за образование и наука Весна Јаневска истака дека во плановите за промената ќе се изврши оптимизација на училшната мрежа за подобро искористување на средстваа што ќе бидат на располагање.
“Подеднакво ќе делуваме и во основното, во средното, но и во високото образование. Нови наставни програми и учебници за седмо, осмо и деветто оделение и потоа навраќање на претходните одделенија. Нови наставни програми и учебници за средно гимназиско образование, а во стручното проширувањето на коцептот на дуално образование. Планирани се. Оптимизацијата на училишната мрежа за подобро искористеност на средствата што ќе ни бидат на располагање, процесот е отпочнат, но потребно е време и целосно заокружување“, истакна Јаневска
Покрај воведувањето на едносменската настава, предвидени се дигитализација на образовниот процес кој носи бројни придобивки, менување на модемот инклузија по барање на наставниците и соработници, како и на родителите на учениците со пореченост.
“Дигитализација на образовниот процес, бидејќи тоа е глобален нов тренд, кој носи бројни придобивбки. Менување на модемот инклузија по барање на наставниците, стручни лица соработници и најмногу на родителите на учениците со попреченост. Јакнење на механизмите за мотивација на постоениот наставен кадар и за прилекување на нови сили, кои ќе градат некои идни генерации на оваа држава. За сите овие промени потребна е квалитетна законска регулатива и во оваа прилика ќе е започната јавна дебата за менувбање на повеќе законски решенија за основно, средно, средно стручно, образование за возрасни.“, додава Јаневска
Според министерката, за нецели три месеци, таа покажа голема отвореност и соработка, како и желба да се слушнат сите засегнати страни, се со цел да се прифатат позитивните идеи. Таа оствари стотица средби со кои се евидентираше многу предлози и сугестии.
Лаура Стојанова, М-Нет