Викендот Вардар гостува во Радовиш, Прилеп ќе се соочи со Охрид

ФОТО: Александар Ванев, телевизија М Нет

Вчера се комплетираше второ коло од ракометната Суперлига со одложениот меч меѓу Тиквеш и Пролет кој заврши без победник (23:23) и поделба на бодовите, а викендот ќе се играат натпревари од третото коло, кое коло ќе биде комплетирано на 25. септември со мечот меѓу Тиквеш и Куманово.

Викендот Струга на домашен терен ќе ја бара првата победа против Пролет, кој пак ја отвори сезоната со две ремија.

Дебитантот Бисинов на домашен терен ќе игра против шампионот Еурофарм Пелистер, во Скопје соочување на Бутел и Алкалоид, а неизвесен меч за трите бодови ќе има меѓу Прилеп и Охрид.

Повратникот во Суперлигата, Радовиш на домашен терен ќе го пречека двократниот европски шампион Вардар во СРЦ „25-Мај“, натпревар каде вардарци ќе ја имаат улогата на апсолутни фаворити, а Радовиш од овој меч ќе добие на дополнително воигрување за тоа што следува пред нив, а тоа се клучните натпревари против кои ќе се бараат бодови за опстанок како клучна цел на радовишани во новата сезона.

Александар Ванев, М-Нет