Крстот за 95.000 денари на лицитација во Црквата во Штип замина во домот на семејството Пуриќ

На утринската литургија во двете цркви во Штип пред положувањето на крстот во водите на река Брегалница, традиционално се одржа и лицитација на крстот. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село лицитацијата почна со 1.000 денари, а крстот замина во домот на семејството Пуриќ за 95.000 денари.

Крстот во домот на семејството останува 40 дена, а ваква традиционална лицитација се одржува и во цркви од други градови од државата, како што, на пример, во Кочани се одржа лицитација на икони од страна на верниците.

Ребека Спасова М-Нет