Кривична пријава против лице од Виница, била пронајдена и одземена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривични пријави против П.Г.(25) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 05.02.2021, при извршен претрес во дом и други простории кај пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана.