
Нема „Зима“ за пинг – понгот во Штип откако веќе со години низ Македонија „владее“ одличната генерација на Шампион ФА а сега и подмладокот кој почна да жари и пали се по ред. Женската екипа на Шампион ФА ја победи екипата на Рисови со резултат 4:2 и јуриша на првото место на табелата.


Машката екипа нанижа две победи едно подруго, најпрвин победа од 4:1 против Радовиш за чија екипа настапува српскиот интернационалец Соколовиќ а потоа беше победеnа и екипата на НЕЦ Телеком со резултат 4:2 иако и за оваа екипа настапува српски интернационалец – Миленковиќ. Најмила е победата со играчи од сопствениот погон а и најдобра е перспективата кога растат, се развиваат и обучуваат нови мlади таленти кои се блескава перспектива на штипскиот пинг – понг. Според информациите од селекторот Сашко Богатинов од 29 ноември до 3 декември ќе се одвиваат подготовките на македонските Кадети и Јуниори во СРЦ „Јане Сандански“ а под покровителство на пинг-понгарската федерација на Македонија и претседателот Горан Тиловски. Нашите пингпонгари потоа ги очекува настап на традиционалниот Меѓународен турнир во Нови Сад, Србија кој ќе се одржи во периодот од 9 до 12 декамври.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk