
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривични пријави против П.Г.(25) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 05.02.2021, при извршен претрес во дом и други простории кај пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана.