Кривична за сопственик на угостителски објект дивоградба во Делчево, се запалил, а внатре имало 30 гости

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице од Делчево и Н.Д.(35) од Делчево, сопственик и раководител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Пријавените не ги почитувале законските одредби за изградба на објект, предвидени во член 68 и член 70 од Законот за заштита и спасување, односно не обезбедиле проект за објектот, одобрение за градење од надлежниот државен орган и согласност на елаборатот за заштита од пожари и експлозивни материи и извршувале дејност без соодветна документација и без да биде евидентиран објектот во Агенцијата за катастар на недвижности. На 01.01.2026 настанал пожар во објектот во кој во моментот имало сместено околу 30 гости, со што ги довел во опасност животот и телото на гостите во сместувачкиот капацитет.