
Второлигашите зад себе го имаа последниот викенд за подготовки и одигрување на пријателски натпревари, а овие денови ќе бидат искористени за финални подготовки и последни тренинзи пред стартот на пролетниот дел од сезоната кој е закажан за сабота.
„Генералката“ меѓу Кожуф и Детонит Плачковица во Валандово заврши без победник (1:1), Новаци беше минимално подобар со 0:1 против Охрид, Осогово со 1:2 славеше на „генералката“ против Победа Валандово.
Каменица Саса ја загуби генералката со Борец во Велес со минимални 1:0, Големо Коњари беше подобар од третолигашот Напредок во Ношпал со 1:2, Шкендија Арачиново со 4:1 славеше над Тетекс, а пак Беласица загуби со 0:1 од Септември Симитли од Бугарија.
Брегалница на Градскиот стадион во Штип беше убедлива на последниот тест против Вардар Неготино со 9:1.
Со натпреварите од 16. коло во сабота (21 февруари) ќе започне пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет