
За да го одржи кумството од лани во манастирот посветен на мајката Софија и нејзините три ќерки во Штип, Дивна од Зрновци која сега е во Германија дала аманет на другарките Милка и Блашка, токму на овој празник да дојдат во манастирот и да ја продолжат традицијата. Тетка Милка пред камерите на М-Нет ТВ раскажа дека паричката од погачката минатата година се паднала во Дивна.
,,На зрновка се лани падна паричката, жената не е тука, во Германија е, а ние ја поддржуваме, дојдеме. Од Кочани сме, Општина Зрновци. Дивна таа се вика, тука требаше да ниде сега, лани паричка. Паричката се падна во неа и затоа дојдеме, отиде си во Германија, а на на ни остави аманет да дојдеме тука. Во погачата кога јаде во устата и се падна падна паричката. Ние сме поддршка на неа. Другарка ни е, заедно шетаме со неа по манастирите кога дојде од Германија, ние не седеме, накај Осогово, во Виница, секаде одеме“, вели Арсова
Пари, вино и ракија испратила Дивна, иако не била во можност лично да присуствува на празникот, вели тетка Блашка.
,,Ланската кума Дивна од Зрновци, донесела погача, на неа и се падна паричката лани. Донесела 50 евра, кило ракија и кило вино, на газдата оставила да напрае тој место неа и така ние дојдеме“, рече Малинова
Сите си посакаа многу здравје, среќа, бериќет, со желба догодина повторно да се соберат на истиот празник.
Ева Тушевска, М-Нет