
На осум кола до крајот од сезоната во ракометната Суперлига тесна борба кои екипи да останат во ракометната елита.
Пет екипи водат тесна борба за опстанок во ракометната елита, а засега најуспешно кон опстанок оди екипа на Прилеп која е на врвот од табелата со 18 бодови на своето конто и скор од пет победи и едно реми.
Кратењето на лига и испаѓањето на дури пет екипи ја прави борбата за опстанок тешка. На второто место е Еурофарм Пелистер 2 со 15 бодови, Куманово е во бараж зоната односно на третото место со 14 бодови, на 4. место е Мулти Есенс со 13 бодови, а пак на 5. место е Вардар Неготино со 12 бодови.
Овие екипи ќе се борат за првите две места кои гарантираат сигурен опстанок, како и третото место кое преку бараж води кон можен опстанок во елитата.
Голден Арт е на шестото место со само шест бодови, Скопје е претпоследен со три бодови, а на дното со еден бод е дисквалификуваниот Аеродром.
Веќе следното коло ни го носи и големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп кое се игра во Битола.
Александар Ванев, М-Нет