Ново дерби во Трета лига – Север: БВК Коњаре против Куманово, Шкендија Арачиново домаќин ССК Нова

Овој викенд ќе се одиграат натперварите од 19. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север, а оваа рунда ни носи ново дерби овој пат меѓу БВК Коњаре и лидерот Куманово.

Дерби кое дефитивно ќе го привлече најголемото внимание на спортската јавноста, а кое е важно особено за Куманово, кој ќе мора да триумфира доколку сака да го сочува првото место, бидејќи главниот конкурент Шкендија Арачиново ќе биде домаќин на „фенерџијата“ ССК Нова, па тука Шкендија ќе ги запише трите бодови со убедлива победа, бидејќи е апсолутен фаворит.

Бутел на домашен терен ќе игра со Фортуна во меч каде гостинот е фаворит, Еуромилк ГЛ ќе биде фаворит на домашен терен против Риниа, Аеродром ќе се соочи со Беса Влазрими, Петровец ќе се соочи со Кадино, а пак ланскиот второлигаш Локомотива Пехчево ќе игра со Башкими Љуботен.

Куманово е на врвот од табелата со 46 бодови, Шкендија Арачиново е втора со 45 бодови и овие две екипи ќе ја водат финалната битка за првото место кое води во баражот за Втора лига. На третото место е некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ со 39 бодови, на 4. место е Фортуна со 36 бодови, а БВК Коњаре е на петтото место со 33 бодови.

Александар Ванев, М-Нет