Кои екипи се водечки во Трета лига, а кои се во топ 5 ?

Есенската полусезона пополека се затвара во Третата македонска фудбалска лига, остануваат уште неколку кола за комплетирање на истата во сите пет региони.

На Истокот на врвот е Победа од Валандово како единствен непоразен тим со 22 бодови, втор е Ударник со 19 бодови, Хоризонт Турново и Овче Поле го делат третото место со по 16 бодови, а на 5. место е Карбинци со 13 бодови.

Во Трета лига – Југ ланскиот второлигаш Борец веќе прави посериозна бодовна предност, тимот од Велес е прв со 24 бодови, втор е Превалец со 19 бодови, а толку има и Питу Гули кој е трет. Борец има меч повеќе во однос на овие две екипи, а славеше во дербито со Превалец.

На четвртото место е Ултрас со 16 бодови, а пак Росоман е петти со 14 бодови.

Во Трета лига – Север непоразен лидер е Еуромилк ГЛ и овој тим речиси е најзрелиот кандидат уште на самиот стар од пролетниот дел да го потврди шампионскиот пехар. Екс прволигаш е на врвот со 31 бод, втор е Аеродром со 24 бодови, а по 23 бодови за делба на третото место се Фортуна и БВК Коњаре, со тоа што екипата од Коњаре има меч помалку, а на петтото место е Пчиња со 21 бод.

Во Трета лига – Југозапад екипата на Влазними е на врвот со 18 бодови, а втор е Кравари со 17 бодови, со тоа што лидерот има меч помалку.

Поранешниот второлигаш Караорман од Струга е трет со 13 бодови, четврти е Демир Хисар со 13 бодови, а пак Могила е на петтото место со 12 бодови. Екипите на Караорман и Могила имаат меч помалку.

Во Трета лига – Запад на врвот е Камјани со 18 бодови на своето коло, а втор е Влазерими од Кичево со 16 бодови. На третото место е тимот на Вардар од Брвеница со 15 бодови, со тоа што овој тим има меч повеќе.

На четвртото место е Напредок од Кичево со 13 бодови, а толку има и Џепчишти исто така со 13 бодови. Во овој регион ќе има вистинска неизвесност за првото место.

Шампионите во Трета лига немаат директен влез, туку играат бараж за можен влез во Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет