
Ковид, грип и вирус, амбулантите и понатаму остануваат полни со пациенти кои се жалат на покачена температура, кашлање, малаксаност. Лекарите велат периодов се испреплетни трите, а дополнително се појавува и големата кашлица. Пикот на заразата се очекува наредната недела, а бројот на заразени со грип овој период од годината споредбено со истиот период лани е зголемен за околу 20%. Според доктор Валентина Митрова големо влијание за вакавта ситуација, конкретно со појавата на големата кашлица има и невакцинираноста кај граѓаните.
„Во периодот се испреплетени трите, се уште постои ковидот кој веќе е како хронично респиратнорно заболување, грип и вирус. Нашите амбуланти како и во целата држава се полни со пациенти со симптоми на кашлање, гребење, малаксаност, болки, висока температура кои знаат да траат и неколку дена. За жал се појавува и едно искоренито заболување кое веќе почнува да се појавува однонсо големата кашлица која се појавува заради невакцинираност“ – вели Митрова.
Кога е во прашање вакцината против сезонски грип, Митрова вели дека расте свеста кај пациентите во делот на грижата за сопственото здравје. Но, сепак апелот стои сите над 65 години да се вакцинираат. Истовремено, додава дека треба да се вакцинираат и децата против големата кашлица.
„Свеста е подигната од година во година луѓето водат грижа за сопственото здравје, но сепак ќе упатам еден апел оние над 65 години кои имаат хронично заболување редовно да ја примаат вакцината за сезонски гриип. Не дека нема да заболат, но ќе поминат со полесни симптоми.“ – додава Митрова.
Оваа сезона од грип во државата има заразено 3500 граѓани и шест смртни случаи, однонсо шест лица ја загубија битката со вирусот заради компликации. Најризични се лицата со хронични заболувања и заради тоа Комисијата за заразни болести на последната седница донесе препорака за задолжително носење маски во болници и старечки домови.
Лаура Стојанова М-Нет